Дома Фудбал Репрезентации Хрватски репрезентативец бил на три Мундијали, а не настапи на ниту еден

Хрватски репрезентативец бил на три Мундијали, а не настапи на ниту еден

Во пресрет на Мундијалот, британски „Гардијан“ објави необичен податок поврзан со поранешниот хрватски репрезентативец Ентони Шериќ.

Шериќ, роден Австралиец и поранешен играч на Хајдук, а со Хрватска патуваше на три Мундијали без да одигра ниту една минута.

„Шериќ, солиден лев бек, беше дел од репрезентацијата во 1998, 2002 и 2006 година, но никогаш не настапи. Роберт Јарни беше на врвот на формата во Франција и на Далечниот Исток, а Марко Бабиќ беше стартер во сите три натпревари на првенството во Германија“, се вели во текстот на Гардијан. Во 1998 година Хрватска освои бронза, а во следните две првенства не ја мина групата.

Шериќ ја заврши кариерата во 2014 година во португалскиот Олханенсе. Претходно играше за Хајдук, Парма, Верона, Бреша, Лацио, ПАО, Бешикташ и Карабукспор, а од 1998 до 2006 година забележа 16 настапи за Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Најголема драма на трансфер периодот. Навивачите не го сакаат, клубот бара 500 милиони евра за него.

Хулијан Алварез се најде во непријатна ситуација во Атлетико Мадрид. Иако јавно ја изрази …