Дома Фудбал Репрезентации Хрватска без Ракитиќ на Вембли: Барса се огласи за повредата!

Хрватска без Ракитиќ на Вембли: Барса се огласи за повредата!

Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ нема да може да им помогне на своите репрезентативни колеги на мечот против Англија на „Вембли“.

Хрватска денес игра многу важен натпревар од Лигата на нации против Англија, а селекторот потврди дека Ракитиќ нема да биде повикан за тој меч.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Можам да кажам дека Иван нема да биде во конкуренција за мечот со Англија. Поради повреда ќе се врати во Барселона на додатни прегледи“, изјави селекторот Далиќ.

Каталонскиот клуб потврди дека Ракитиќ има повреда на десниот бутен мускул и дека неговото враќање на на терен ќе зависи од тоа како се одвива процесот на закрепнување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…