Eлиф Елмас е новиот бисер на турскиот гигант Фенербахче, откако вчера обезбеди победа на својот тим за него со суперлативи пишуваат и медиумите во регионот.
Македонската јавност добро знае со какви квалитети располага Елиф Елмас, а сега за него треба да слушне и целиот фудбалски свет.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Се мачеше Фенер против Коњаспор скоро еден час игра, токму досадната игра на турскиот гигант го натера тренерот Филип Коку во игра да го пушти нашиот Елмас кој само шест минути постигна погодок вреден три бода!
Фенербахче во нападот ги има добро познатите Слимани, Ајев, Валбуена и Солдадо, но шоуто го им го украде Елмас…Така Хрватите го најавуваат нашиот фудбалски бисер кој во четврток со Фенербахче ќе гостува кај Динамо Загреб.
Во текстот во кој со суперлативи се зборува за нашиот Елмас се опишува неговата кариера и моментот кога тој го одбил Манчестер Сити.
Како што споменавме, ние знаевме што може Елмас време е и другите да дознаат!
Комплетниот текст за Елмас можете да го прочитате ТУКА!