УЕФА започна дисциплинска постапка против Серхио Рамос кого го обвинува за намерно добивање жолт картон во осминафиналето против Ајакс.
Шпанскиот репрезентативец намерно заработи жолт картон во 89-тата минута од натпреварот во кој Реал Мадрид победи со 2:1 против холандскиот тим. Тоа Рамос го направи со цел да биде суспендиран за реваншот на „Бернабеу“ и „чист“ да влезе во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
После натпреварот Рамос во храбра изјава призна дека намерно добил жолт картон.
„Ќе ве излажам ако ви кажам дека не го добив тој жолт картон со намера. На една минута пред крајот водиме со 2:1, реваншот е кај нас во Мадрид…Бев свесен за ситуацијата и со намера ја заработив таа санкција“, призна Рамос после средбата.
Uefa have charged Real Madrid captain Sergio Ramos with "receiving a yellow card on purpose".
More ? https://t.co/i0pCuywukP pic.twitter.com/HHS4UxYpvg
— BBC Sport (@BBCSport) February 26, 2019
Играчот за врска на Валенсија, Кондогбија неодамна заработи казна поради истата работа.
Фудбалерот за врска на Валенсија, Жедри Кондогбија заработи два натпревари суспензија откако намерно доби жолт картон во натпреварот од Лигата на Европа против шкотски Селтик.
Французинот во 82-та минута, додека Валенсија водеше со 2:0 намерно одолговлекуваше со изведувањето на слободниот удар.
Конечната одлука за суспензијата на Рамос Европската куќа на фудбалот ќе ја донесе на 28 февруари.
Меѓутоа ако се водиме според ситуацијата со Кондогбија се освен дополнителна суспензија за капитенот на Реал Мадрид би било изненадување.