Maнчестер Јунајтед и Реал Мадрид се бореа за потписот на Дони Ван Де Бек и изгледа во таа борба победија „кралевите“.
Холанѓаните тврдат дека работата е завршена и дека Ван Де Бек го избрал Реал и на лето ќе го напушти Амстердам и ќе се упати кон Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал минатото лето беше блиску да го доведе Ван Де Бек, но на крајот преговорите беа стопирани.
„Нема да замине оваа зима, но на крајот од сезоната ќе премине во Реал Мадрид. Бидете сигурно во тоа“, објави холандскиот медиум, „Де Телеграф“.
Ван Де Бек се уште има договор со Ајакс до 2022 година. Неодамна потпиша договор со кој доби покачување, па Реаќ е мора да плати оштета да го доведе играчот кој прикажа одлични настапи во Лигата на шампионите во претходните сезони.
Оваа сезона Ван Де Бек постигна осум голови и запиша исто толку асистенции на 26 натпревари.