Дома Останати Хокеј сензација во Пјонгчанг – Канада елиминирана, Германија за прв пат во финалето!

Хокеј сензација во Пјонгчанг – Канада елиминирана, Германија за прв пат во финалето!

Хокеарската репрезентација на Германија е вториот финалист во Пјонгчанг, откако денес ја совладаа фаворизираната Канада со 4:3.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германците во финалето ќе играат со Русија која претходно ја совлада Чешка со 3:0.

Германија успеа да приреди изненадување и да ја совлада Канада. Од самиот старт на натпреварот имаа предност, после две третини резултатот гласеше 4:1. Канаѓаните успеаа да се вратат, во финишот гледавме вистинска драма, но сепак Германците успеаа да ја сочуваат предност.

Стрелци за германската селекција беа Брус Маекс, Франк Мајер, Матијас Плахт и Патрик Хагер.

Финалето се игра во недела во 05:10 часот по средноевропско време.

Ова ќе биде прво финале на Олимписките игри во кое Германија ќе се бори за златото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…