Дома Фудбал Останато Хигиеничар на Интер Мајами добил отказ поради Меси

Хигиеничар на Интер Мајами добил отказ поради Меси

Интер Мајами неодамна го доведе Лионел Меси, а тоа предизвика голема еуфорија помеѓу навивачите, но посебно беше на оние кои се во клубот кој го предводи Дејвид Бекам.

Но, поради доаѓањето на Меси извесен Кристијан Саламанка кој работел како хигиеничар во клубот добил отказ. Имено, тој го забележал Меси во соблекувалната по еден од тренинзите и му побарал автограм.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Меси без проблем прифатил и се фотографирал со Саламанка, но проблемот за него дошол потоа. Во клубот одлучиле да го казнат и тоа со отказ поради вознемирување на Аргентинецот.

Сепак, Саламанка истакна дека би го повторил потегот без разлика на отказот, автограмот од Меси и фотографијата за него е исполнување на сонот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…