Дома Фудбал Германија Хенес: Тухел да внимава што зборува, изјавите не му се паметни

Хенес: Тухел да внимава што зборува, изјавите не му се паметни

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенеси го критикуваше тренерот Томас Тухел поради изјавите во врска со трансфер политиката на клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хенес е се уште еден од највлијателните луѓе во клубот и јавно испрати порака до тренерот Тухел да внимава на неговите изјави.

„Некои, вклучително и тренерот, даваа непромислени изјави дека тимот е „тенок“ и тоа дава лоша слика. Ако гледате што имаме на клупа секој викенд, тоа се само репрезентативци, тогаш јасно е немаме тенок тим“, изјави Хенес.

„Таквите коментари, дадени од тренерот Тухел, не се многу мудри. Искрено, не ми се допаѓа кога тренерот излегува во јавноста и кажува дека нашата екипа е „тенка“ на неколку позиции“, додаде Хенес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Меси до португалскиот судија: Ти не ме почитуваш! (Видео)

Лионел Меси, повторно беше во центарот на вниманието откако Аргентина по драма и продолжен…