Џејмс Харден го напушти Хјустон после 10 години.
Кариерата Харден ќе ја продолжи во Бруклин Нетс после големиот трејд во кои учествуваа неколку тимови и неколку играчи. Во Бруклин Харден ќе игра со Кевин Дурант и Кајри Ирвинг, со тоа овој тим стана еден од главните кандидати за шампионскиот прстен во НБА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На крајот од минатата сезона Харден изјави дека повеќе не сака да го носи дресот на Хјустон и побара да оди во тим кој има шампионски амбиции.
„Не сакав никого да навредам. Кажав само дека тимот не може да се бори за титула. Во овој период од кариерата тоа е она шт ого сакам. Јас сум елитен играч, голем лидер и фантастичен соиграч“, гласеше изјавата на Харден по трејдот во Бруклин.
Тој ги помина лекарските прегледи меѓутоа се уште не тренирал со новите соиграчи.