Аргентинските гиганти Ривер Плата и Бока Јуниорс остварија пласман во финалето на Копа Либертадорес.
Ривер и Бока би требало да се борат за титулата во Јужна Америка, но Фудбалската федерација се уште не го потврдила пласманот на Ривер во финалето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тимот на Ривер во реваншот го победи Гремио во Порто Алегре со 1:2 во еден навистина контроверзен натпревар. Меѓутоа, на полувремето во соблекувалната влегол и тренерот на аргентинскиот Марсело Гаљардо кој бeше суспендиран.
Исто така, користена е радио врска за да му дава упатства на асистентот Матиас Бискај, па од Гремио одлучија да испратат жалба.
La primera final de la CONMEBOL Libertadores 2018 será disputada el sábado 10, a las 16 hora local, en el estadio del club Boca Juniors. La segunda final se jugará el sábado 24, también desde las 16.
— CONMEBOL.com (@CONMEBOL) November 1, 2018
Очигледно КОНМЕБОЛ ја разгледува бидејќи во официјална објава го изоставија името на Ривер. Напишано е дека првиот натпревар се игра на 10-ти ноември на стадионот на Бока „Бонбоњера“, но потоа само наведоа дека реваншот е на 24-ти ноември.
Ова на Гремио му дава надеж дека нивната жалба може да биде прифатена, а и на теренот владееше вистинска лудница бидејќи Бразилците сметаа дека се „ограбени“ од судијата.
https://youtu.be/E0A1Y96b3yI