Дома Останати Авто Мото Хамилтон: Формула 1 ни е заедничка љубов со Макс, на патеката нема пријателство

Хамилтон: Формула 1 ни е заедничка љубов со Макс, на патеката нема пријателство

Пред почетокот на новата сезона во Формула 1 Луис Хамилтон зборуваше за неговиот однос ос Макс Верстапен.

Минатата година двајцата возачи водеа жестока битка за титулата во Ф1, а на крајот се беше решено буквално во последниот круг на последната трка во Абу Даби. Во текот на сезоната имаше обвинувања од едната и другата страна, сега пред стартот на сезоната Хамилтон се обиде да ја „смири топката“.

„Со Макс функционираме нормално кога ќе се сретнеме. Постои почит меѓу двајцата и секогаш се поздравуваме. Наша заедничка љубов е Формула 1 и кога ќе излеземе на патеката ние сме борци, на патеката нема пријателство“, изјави Хамилтон.

Сезоната во Формула 1 започнува викендов со трката за големата награда на Бахреин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Скандал во Ф1, може да му биде одземена титулата на Верстапен

Најбрзиот возач минатата сезона во Формула 1, Макс Верстапен би можел да остане без шампио…