Хамес Родригез минатото лето се пресели во Евертон како слободен агент, но веќе размислува да го напушти клубот после само една сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
29-годишниот Колумбиец брзо се етаблираше во клучна фигура во тимот на Карло Анчелоти и одлично игра оваа сезона со 5 гола и 7 асистенции на 20 меча во сите натпреварувања.
Меѓутоа, на Хамес не му се допаѓа живото на Островот и сака да ја промени средината на лето. Интерес за него покажува Атлетико Мадрид, а самиот тој преферира да се врати во Шпанија.
Евертон нема лесно да се отлаже од Хамес, но не сака да задржи незадоволен фудбалер и ако Колумбиецот инсистира да замине, клубот ќе му дозволи.