Дома Фудбал Англија Хамес Родригез го напушта Евертон, се огласи и Анчелоти

Хамес Родригез го напушта Евертон, се огласи и Анчелоти

Хамес Родригез планира да го напушти Евертон на крајот од оваа сезона, тврдат колумбијските медиуми.

Колумбијскиот фудбалер пристигна на Гудисон Парк во септември и на почетокот беше еден од најдобрите играчи во клубот, но и во лигата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Меѓутоа, дојде до серија повреди и колумбијските медиуми тврдат дека Хамес од бизарни причини сака да замине веќе на лето.

Наводно, на него не му се допаѓа времето во Англија, но и фудбалот кој се игра, поради кој доаѓа до честите повреди.

Околу овие написи денеска даде коментар и менаџерот на клубот Карло Анчелоти.

„Тој нема никакви проблеми. Секој ден зборувам со него и среќен е овде. Не знам дали се жалел на времето, но познато е дека овде временските прилики не се најдобри. Но има многу добри работи.“ – рече Анчелоти.

Хамес оваа сезона одигра 20 натпревари за Карамелите на кои запиша пет погодоци и седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …