Олимпијакос вчера со 5:0 славеше против Астерас во рамките од 15. коло на грчката Суперлига, а одличен во овој натпревар беше Хамес Родригез.
Се играше 35. минута кога Родригез постигна прекрасен гол со удар од далечина, а запиша и една асистенција.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Родригез испрати прекрасен удар по една кратка комбинација. До крајот Олимпијакос постигна уште три гола и дојде до убедлива победа.
Сепак, Родригез не можеше во целост да му се израдува на голот затоа што кога тргна да слави од трибините се слушаа свирежи на навивачите на Олимпијакос кои не се во најдобри односи со Колумбиецот.
Golazo de James Rodríguez 🇨🇴 en Olympiakos 🇬🇷. Por perseverancia colectiva y definición. Nos alegra verlo así.pic.twitter.com/xUCXTmHsdI
— VarskySports (@VarskySports) December 28, 2022