Дома Фудбал Репрезентации „Халанд е како мечка, никогаш не сум видел некој да јаде толку многу“

„Халанд е како мечка, никогаш не сум видел некој да јаде толку многу“

Eрлинг Халанд во овој момент е еден од најдобрите фудбалери во светот и пред него е голема кариера, а сега интересна изјава за него даде неговиот соиграч од репрезентацијата на Норвешка, Џошуа Кинг.

Кинг и Халанд често се дружат на репрезентативните собири. Фудбалерот на Вотфорд се чуди на тоа колку многу јаде Халанд.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Навистина е чудо. Не сум видел некој да јаде повеќе од него. Има се повеќе и повеќе мускули, како мечка е…“, се пошегува Кинг и порача дека се работи за скромно момче.

„Можеби не делува така со некои негови изјави, но тој е многу скромен. Кога го гледате, Ерлинг е само едно дете кое ужива да игра фудбал“, порача Кинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Teр Штеген заминува: Го избрал и новиот клуб?!

Марк-Андре Тер Штеген наскоро би можел да биде нов голман на Жирона! Според каталонскиот н…