Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ ги одреди цените за мечот со Косово

ФФМ ги одреди цените за мечот со Косово

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше одредена цената на билетите за историскиот меч со Косово.

Полуфиналниот бараж со Косово ќе се игра на 26 март во Скопје, а билетите ќе бидат по цена од 300 и 400 денари.

Фудбалската федерација на Македонија ќе обезбеди билети за навивачите на македонската репрезентација на западната трибина од арената „Тодор Проески“.

Заинтересираноста за овој историски меч е голема бидејќи Македонија ќе брка виза за пласман на Европското првенство 2020 година.

Исто така Управниот одбор на ФФМ донесе одлука Редовното Годишно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија да се одржи на 21-ви март 2020 година во Скопје во хотелот „Александар Палас“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Кадетите со два нови порази на Медитеранските игри

Кадетската репрезентација на Македонија за ракометари до 19 години, настапува на Медитеран…