Дома Македонски спорт Мак фудбал ФФМ ги објави номинациите за најдобрите – гласајте ТУКА!

ФФМ ги објави номинациите за најдобрите – гласајте ТУКА!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на својата интернет страница ги објави номинациите за најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2016/2017.

Во конкуренција за најдобар фудбалер во македонското првенство се најдоа фудбалерот на Вардар, Стефан Спировски и двајцата фудбалери на Шкендија, Ферхан Хасани и Бесарт Ибраими.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во конкуренција за најдобра фудбалерка влегоа Илза Максути (ЖФК АС Јунајтед), Јана Чубриновска (ЖФК СЦ Истатов) и Александра Ристовска (ЖФК Тиверија).

Елиф Елмаз (Работнички/Фенербахче), Јани Атанасов (Академија Пандев) и Енес Фазлагиќ (Шкендија) се номинирани во категоријата за најдобар млад играч.

Наградата за најдобар тренер во младинските категории ќе заврши во рацете на Беким Османи (Шкендија-младинци) или Горан Станковски (Работнички – кадети).

За најдобар футсал играч во конкуренција за наградата се Александар Глигоров и Драган Петровиќ од КМФ Велс и Еркан Сефери од КМФ Шкупи 1927.

За номонираните можете да гласате ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…