Дома Македонски спорт Мак фудбал Фудбалските надежи поразени од Украина

Фудбалските надежи поразени од Украина

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години беше поразена со 2-0 во елитниот квалификациски турнир за пласман на ЕП кој се одржува во Скопје.

Мечот се играше на теренот „Петар Милошевски“, а по овој пораз, шансите на нашите надежи дека може да играат на Европско првенство се минимални.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Избраниците на Тони Јакимовски рамноправно го одиграа првиот дел но примија гол во 45.минута преку Данило Кревсун.

На стартот на второто полувреме Украина зголеми на 0-2. Матви Пономаренко во 48.минута го постави конечниот резултат.

Во нашата група се играше и дуелот меѓу Швајцарија и Летонија. Швајцарците победија со гол во 90. минута. Македонија во следното коло игра против Швајцарија на 23 март.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Легендата на Арсенал доби дрес од Вардар

Легендарниот фудбалер на Арсенал, Сол Кембел кој во овој период е во Македонија, а во изми…