Дома Фудбал Италија Фудбалерите на Интер денес ќе земат плата за јули и август

Фудбалерите на Интер денес ќе земат плата за јули и август

Миланскиот гигант Интер се наоѓа во тешка финансиска ситуација и веќе подолго време не може да ги сервисира платите на фудбалерите.

Неодамна италијанските медиуми објавија дека фудбалерите на Интер немаат земено плата за јули и август, како и за ноември и декември.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Директорите на Интер неодамна имаа состанок со фудбалерите и ја смирија ситуацијата, но Федерацијата им даде краен рок за да бидат исплатени сите плати, во спротивно „нероаѕурите“ ќе бидат казнети.

Италијанските медиуми потврдија дека платите за јули и август ќе бидат исплатени денес, а Федерацијата му дала на клубот краен рок до 16.02 да бидат исплатени платите за ноември и декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лео Меси нема да игра за Аргентина на претстојните два натпревари

Мартовскиот репрезентативен термин ќе го користи и селекцијата на Аргентина, но „Гаучосите…