Дома Фудбал Останато Френк Лампард е најмалерозниот човек во историјата на Супер купот

Френк Лампард е најмалерозниот човек во историјата на Супер купот

Челзи вчера изгуби во Супер купот против Ливерпул, „сините“ беа поразени после изведувањето на пенали. Овој пораз и дефинитивно го направи Лампард најмалерозниот човек во историјата на Супер купот.

Ако погледнеме наназад ќе видиме дека во историјата на Супер купот победникот после пенал рулетот бил решаван само два пати и во тие два пати поразен бил Лампард. Прв пат тоа му се случи во 2013 година од Баерн (5:4) и оваа година како тренер со истиот резултат. Третиот пораз на Лампард во Супер купот е оној против Атлетико во 2012 година.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Инаку, Челзи во својата историја има еден трофеј во европскиот Супер куп и тоа од 1998 година кога го победија Реал Мадрид со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…