Дома Фудбал Англија Француската легенда: Мбапе може да стане крал во Ливерпул

Француската легенда: Мбапе може да стане крал во Ливерпул

Легендарниот француски дефанзивец, Вили Сањол смета дека Ливерпул би  бил најдобра опција за Килијан Мбапе.

Мбапе се етаблоираше во еден од најдобрите млади фудбалери во светот и многу европски гиганти би сакале да го имаат во своите редови.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сањол смета дека за младиот Французин најдобро би било трансфер во Ливерпул каде ќе може да работи со Јирген Клоп.

„Ливерпул има голема предност. Во Клоп има тренер со кој секој фудбалер во светот би сакал да работи. Мбапе би требало да се прилагоди многу брзо и да напредува. Клоп бара одлична дефанзивна работа од своите напаѓачи, а Мбапе тука се уште не е добар. Но, тој може да го научи тоа, без сомнеж. Тој ќе стане крал на Ливерпул со Клоп“, изјави Сањол за „Билд“.

Самиот Мбапе неодамна призна дека му се восхитува на Ливерпул.

„Ливерпул е машина оваа сезона во Премиер Лигата. Тимот кога победува изгледа лесно, но никогаш не е лесно. Неговата немилосрдност доаѓа заради многу напорна работа и затоа што има многу добар менаџер“, рече Мбапе за „Мирор“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тажна октомвриска ноќ што Ибрахимовиќ никогаш нема да ја заборави (Фото)

Златан Ибрахимовиќ без никакво сомнение е еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, а н…