Дома Фудбал Италија Франк Кеси откри како го добил надимакот „Претседател“

Франк Кеси откри како го добил надимакот „Претседател“

Златан Ибрахимовиќ е тој кој секогаш го има главниот збор на теренот и соблекувалната, но во Милан еден друг фудбалер е „претседател“.

Станува збор за Франк Кеси, кој сега откри како го добил надимакот „Претседател“.

„Едно утро дојдов во тренинг-кампот и се паркирав на местото на претседателот Газидис. Ми кажаа да го тргнам автомобилот зашто не смеам таму да паркирам, а јас им одговорив: Нема проблем, јас сум новиот претседател на Милан“, откри Кеси.

Од тогаш сите во соблекувалната го викаат Кеси „Ил Пресиденте“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тони Крос без дилема: „Златната топка треба да му припадне на Кварацхелија“

Тони Крос нема дилема кога е во прашање овогодишниот избор за „Златната топка“. Германскат…