Лестер вчера на свој терен го победи Кристал Палас со 2:1, а натпреварот го обележи дефанзивецот на домаќините Весли Фофана.
Имено, натпреварот беше прекинат во 34. минута на неколку моменти затоа што Фофана ифтареше, односно само го обележа крајот на постот така што се напи вода и изеде енергетско чоколадо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на противничкиот тим Гуаита го прекина натпреварот и не ја врато топката во игра кога виде што прави Фофана.
Фудбалската јавност ја воодушеви фактот што Фофана го почитува постот и покрај згуснатиот распоред на Лестер. Во минатото коло Брендан Роџерс го замени за да може да ифтари затоа што тогаш натпреварот веќе беше решен во корист на Лестер.
Video of the day ❤
— 3bdelnaser Osama (@abdo89645580) April 26, 2021
"The referee stopped the match for wesley fofana to break his fast in his game against Crystal palace today".#LeiCry pic.twitter.com/fZZSuWqOk9
По натпреварот тој изјави дека е воодушевен од тоа како Фофана игра и покрај тоа што не јаде и не пие ништо преку целиот ден. Откако се најде во центарот на вниманието се огласи и самиот Фофана.
„Сакам да се заблагодарам на Премиер лигата, Кристал Палас и голманот Гуаита, но сите соиграчи кои ми дозволија да го прекинам постот во текот на натпреварот. Поради вакви работи фудбалот е прекрасен“, порача Фофана.
„Лисиците“ во овој натпревар стигнаа до важна победа во борбата за Лигата на шампионите и во овој момент се на третата позиција со 62 освоени бодови. Лестер има четири бод повеќе од четвртопласираниот Челзи.