Скулпторот Емануел Сантос повторно го „воодушеви“ светот со статуата на играчите на Реал Мадрид. По Кристиано Роналдо, овој пат направи статуа и за Герет Бејл.
На крајот од март оваа година на аеродромот во родната земја на Роналдо беше откриена бизарната статуа на Португалецот. Статуата предизвика неверојатни реакции на социјалните мрежи и на медиумите ширум светот.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Невнимавајќи на негативните коментари и на исмејувањата ширум светот, скулпторот Емануел Сантос одлучи да направи статуа и за Велшанецот, која повторно предизвика големи реакции.
Статуата на Герет Бејл се наоѓа во Кардиф пред една обложувалница, а тежи 40 килограми и на Сантос му биле потребни 264 часа да ја комплетира статуата.