Дома Луд Спорт Фото: Синот на Бонучи навива за Торино и не сакаше да ја слави титулата на Јуве!

Фото: Синот на Бонучи навива за Торино и не сакаше да ја слави титулата на Јуве!

Интересни моменти се случуваа вчера на стадионот на Јувентус каде беше прославена шестата последователна титула, но еден момент посебно го привлече вниманието.

Имено, постариот син на Бонучи, Лоренцо е голем фан на Торино и дефанзивецот не го крие тоа, па често го носи својот син да ги гледа натпреварите на градскиот ривал.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Меѓутоа вчера Лоренцо беше „принуден“ да го облече дресот на Јувентус и да ја слави титулата на својот татко, а тоа воопшто не му се допадна.

Лоренцо цело време беше тажен, не сакаше ни да го допре Скудетото и сакаше да го соблече дресот, па во еден момент почна да плаче.

На срцето не може да му се командува, а неговото дефинитивно му припаѓа на Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Еве како Роналдо, Меси и други фудбалски ѕвезди го дочекаа Божиќ📷

Уште една година голем број фудбалски ѕвезди решија да објават фотографии на социјалните м…