Жозе Мурињо одлучи да ја искористи репрезентативната пауза за со своите помошници да ги следи играчите на Манчестер Јунајтед, но и потенцијалните засилувања.
Португалскиот стратег на изненадување на многумина одлучи да го следи синоќешниот натпревар помеѓу Шведска и Италија. Мурињо наводно одлучил да ги прати играчите на Јунајтед, Дармиан и Линделоф, но многумина веруваат дека Мурињо допатувал за да ги гледа потенцјалните мети за јануарскиот трансфер период.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Според пишувањето на англиските медиуми, Мурињо го следел овој натпревар поради репрезентативецот на Шведска, Емил Форсберг, кој Јунајтед ќе се обиде да го доведе во јануари. Овој Швеѓанец го носи дресот на Лајпциг, но оваа сезона одигра само шест натпревари. На Мурињо исто така му помагаше и напаѓачот на „Црвените ѓаволи“, Златан Ибрахимовиќ кој го бодреше своите поранешни соиграчи.