Дома Фудбал ФОТО: Видал поради минутажата луто реагираше на Инстаграм, се огласи и Барселона

ФОТО: Видал поради минутажата луто реагираше на Инстаграм, се огласи и Барселона

Фудбалерите на Барселона во средата во гости го победија Тотенхем (4:2) во натпреварот од второто коло во групната фаза од Лигата на Шампионите.

Каталонскиот клуб е во голема криза во домашното првенство, но на „Вембли“ сите беа воодушевени од своето издание. Барса на крилјата од Меси дојде до втора победа во новата сезона во Лигата на Шампионите, но работите во тимот не се толку добри.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Имено, по натпреварот Артуро Видал се огласи на социјалните мрежи, каде што објави „луто смајли“, бидејќи очигледно е незадоволен од својата минутажа. Чилеанецот пристигна минатото лето како засилување од Баерн, но повеќето натпревари ги започнува од клупата.

Откако што не забележи настап на натпреварот против Тотенхем, одлучи незадоволстовото да го искаже на социјалните мрежи. Но, многумина ги изненади одличниот одговор кој Видал го доби од управата на каталонскиот клуб.

„Би било повеќе загрижувачки да не му смета што има таква минутажа. Логично е да е вознемирен“, порачаа од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бод за Беласица во Сингелиќ, Охрид може да ѝ побегне на Шкендија!

Едно од двете дербија во денешната рунда од ВМФЛ, пресметката меѓу Шкендија Арачиново и Бе…