Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Фотографијата на Мундијалот: Пол Погба и Златко Далиќ! (фото)

Фотографијата на Мундијалот: Пол Погба и Златко Далиќ! (фото)

Селекцијата на Франција во вчерашното финале на Светското првенство во Русија со 4:2 славеше против Хрватска.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Еден од најдобрите играчи на оваа средба, но и воопшто на целиот турнир во селекцијата на Франција беше, Пол Погба кој постигна и гол во финалето.

На Мундијалот гледавме еден поинаков Погба отколку што сме навикнати во Манчестер. Овој Погба не се ставеше себе си во прв план, не се расправаше со судиите и беше комплетно ставен во функција на тимот.

Погба во финалето покажа и огромна почит кон својот противник.

Французинот дојде до селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, му ја стисна раката и му се поколни.

Дефинитивно една од најдобрите фотографии на Мундијалот, за многумина и најдобра.

pogba dalic

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Фелипе Луис најде нов ангажман, првпат ќе биде тренер во Европа

Монако имаа тешка сезона зад себе. Едвај обезбедија место за настап во европските купови, …