Селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саудгејт беше „жртва“ на медиумите на кои на сите начини се обидуваа да го дознаат неговиот состав за натпреварот против Панама.
На крајот успеаа! И тоа на каков начин! Еден од фотографите успеаа да го фотографираат неговиот список кој го носеше во раката и од кој може да се забележи дека ќе направи промени пред натпреварот со Панама.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како прво, изгледа Деле Али нема да се опорави пред Панама, па ќе го пропушти овој натпревар, а него ќе го замени Лофтус Чик.
Додека тоа до некаде беше и најавувано, целосно неочекувано е Саудгејт на клупата за резерви да го остви Рахим Стерлинг! Судејќи според листот во неговата рака,
Стерлинг во првиот состав ќе биде заменет со напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. Џејми Варди очигледно ќе остане повторно без првата постава.
Според списокот вака би требало да изгледа составот на Англија против Панама: Пикфорд, Валкер, Махире, Стоунс, Трипиер, Јанг, Лингард, Али, Хендерсон, Стерлинг, Кејн.