Дома Фудбал Останато ФИФА стравува: Во петок се објавуваат строго доверливи документи!

ФИФА стравува: Во петок се објавуваат строго доверливи документи!

Од Меѓународната фудбалска федерација признаа дека нивниот систем е хакиран, втор пат оваа година.

Наводно, хакерскиот напад се случил во март, а се уште нема потврда за какви податоци и документи се работи. Очекувањата се во петок на сајтот „Фудбал Ликс“ да бидат објавени ексклузивните информации.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Некои извештаи наведуваат дека мета биле членовите на Европската фудбалска унија и преку нивните налози хакерите успеале да влезат и во ФИФА.

ФИФА за хакерскиот напад зборуваше претходната недела.

Како одговор на нападот се изјаснија со соопштение.

„ФИФА ги осудува сите обиди да се загрози доверливост, интегритетот и достоинството на било која организација со користење на нелегални средства и начини“.

„Фудбал Ликс“ прв пат доверливи документи објави во 2015 година, а германски „Шпигл“ потоа за голем број ексклузивни вести се повикуваше на мејлови и пораки до кои не е лесно да се дојде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…