Претседателот на Светската фудбалска федерација, Џани Инфантино, размислува околу опцијата на Светското првенство во Катар 2022 година да настапат 48 репрезентации.
Проширувањето од 32 на 48 репрезентации првенствено беше планирано за Светското првенство 2026 година, но откако од јужноамериканската конфедерација CONMEBOL предложија проширувањето да се забрза, во ФИФА почна сериозно да се размислува за промена на планот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тоа е многу интересна идеја. Мораме да провериме колку целото тоа е возможно, бидејќи одлуката не е само на ФИФА или CONMEBOL. Но, Ако е тоа можно, зошто да не го направиме?“, изјави Инфантино.
Катар моментално планира изградба на осум стадиони, но за потреби на првенство во кое би учествувале 48 репрезентации потребни се 12 стадиони.
ФИФА ќе провери дали Катар е во можност да прими уште 16 репрезентации, односно да биде домаќин на уште 16 натпревари од Мундијалот.