Дома Фудбал Останато ФИФА донесе одлука за прекинатиот меч меѓу Бразил и Аргентина

ФИФА донесе одлука за прекинатиот меч меѓу Бразил и Аргентина

Дисциплинската комисија на ФИФА донесе одлука за прекинатиот меч од квалификациите за Светското првенство во Катар меѓу Бразил и Аргентина.

Мечот беше прекинат со упад на здравствените власти на почетокот на септември, а ФИФА одлучи да се одигра во друг термин.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Четворица актери на дуелот ќе бидат суспендирани на два натпревари поради лажирање за карантин во Англија.

Тоа се Аргентинците Мартинез, Ромеро, Ло Селсо и Буендија, и ќе бидат надвор од составот за претстојните натпревари.

Бразилската фудбалска конфедерација е казнета со 550.000 швајцарски франци за „прекршување на правилата за обезбедување“, додека Аргентинската фудбалска асоцијација доби казна од 250.000 швајцарски франци поради „непочитувањето на протоколот на ФИФА“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голoт на Ван Дајк против Манчестер Сити неправилно е поништен

Голoт на Вирџил ван Дајк против Манчестер Сити, кој беше поништен поради офсајд на Ендру Р…