
Ракометниот клуб Металург преку својата официјална страна потврди дека успешно завршила операцијата врз десната дланка на Филип Кузмановски.
Операцијата, која траеше 2,5 часа, беше изведена во Загреб, а ја изведе проф. др. Ранко Билиќ.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Операцијата траеше подолго од предвиденото, но е целосно успешна и јас се чувствувам добро. Контрола ќе имам во вторник, а вечерва се враќаме во Скопје“, кратко изјави Кузмановски.
Според првичните информации, Филип Кузмановски ќе паузира два месеци од терените, што значи дека сигурно ќе го пропушти претстојното Светско Првенство во Франција.