Пол Погба овие денови на големо се поврзува со трансфер во Барселона, во медиумите се појавија и информации дека Французинот се договорил со каталонскиот гигант.
По повод ваквата ситуација се огласи и легендарниот стопер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Човекот кој долги години ги бранеше боите на „клубот од „Олд Трафорд“ испрати директна „закана“ до сопственикот на клубот, Ед Вудворд. Покрај тоа му препорача и да го доведе Тоби Алдервилд од Тотенхем.
„Да не си се осмелил Ед. Манчестер Јунајтед е домот на Погба. Стиши ги овие шпекулации и донеси го Тоби Алдервилд“- порача Фердинанд.
Кога во прашање се засилувањата, Манчестер Јунајтед има само уште два дена време со оглед на тоа дека преодниот рок во Англија завршува на 9-ти август во 18:00 часот.
Don’t you dare allow this ED… #MUFC is Pogba’s home!! Silence these rumours ASAP & get @AlderweireldTob through the door ??? https://t.co/cG3Nzyqzmo
— Rio Ferdinand (@rioferdy5) August 7, 2018