Дома Македонски спорт Фенербахче доби дополнителни 1.5 милион евра за трансферот на Елмас

Фенербахче доби дополнителни 1.5 милион евра за трансферот на Елмас

Турските медиуми објавија дека Елиф Елмас му донел дополнителни 1.5 милион евра на Фенербахче.

Против Торино Елмас го одигра 50. натпревар за Наполи, а со тоа се активирала и клазулата во неговиот договор. Фенербахче одлично заработи на Елмас. Македонскиот „дијамант“ од Работнички во турскиот клуб премина за 180.000 евра, сума која беше уплатена како тренинг комезација. Подоцна тие на Наполи го продадоа за 16 милиони евра.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Меѓутоа во договорот на Елмас имаше и клазули за разни бонуси, а сега е исплатен бонусот за 50 одиграни натпревари кој изнесувал 1.5 милиони евра.

Елмас 50. натпревар за Наполи го одигра против Торино во средата.

Фенер ќе добие и дополнителен бонус од 1.5 милион евра ако Наполи го продаде Елмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

На Светското првенство се пласираа уште две силни репрезентации

ОД 48 РЕПРЕЗЕНТАЦИИ, кои наредното лето ќе учествуваат на Светското фудбалско првенство, д…