Продолжуваат проблемите помеѓу Пеп Гвардиола и Фудбалскиот сојуз на Англија.
Пеп Гвардиола не се откажува и не сака да симне жолтата лента која ја симболизира независноста на Каталонија, но не се откажува ниту ФА.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сепак од ФА веројатно малку претераа со споредбите на гестот на Пеп.
„До кога веќе да ги поместуваме границите? Да ли на некого треба да му дозволиме да носи лого на ИСИС? Да бидам искрен жолтата лента на Гвардиола е политичка порака, тоа е симбол на независноста на Каталонија и морам да ви кажам дека има многу Шпанци, не Каталонци, кои се бесни поради се што се случува“.
„Ние не сакаме и нема да ги прифаќаме политичките симболи на нашите стадиони и тоа секогаш беше така“, изјави извршниот директор на ФА Мартин Глен.