Дома Фудбал Англија ФА Куп: Кејн за две минути го сруши Вимблдон

ФА Куп: Кејн за две минути го сруши Вимблдон

Фудбалерите на Тотенхем рутински се пласираа во наредната фаза во најстарото фудбалско натпреварување на Светот.

Избраниците на Маурисио Покетино славеа на Вембли против нисколигашот Вимблдон со резултат 3:0 (0:0).


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Во првото полувреме немаше погодоци, Спарси апсолутно доминираше, имаа 12 шутеви и дури 83% посед на топка, но не успеаа да ја затресат мрежата.

Во продолжението се се’ смени за две минути, Кејн најпрво ја затресе мрежата во 63. минута, па за две минути срелаше и за 2:0.

Се стана апсолутно јасно во 71. минута, кога Ветронген постигна гол за 3:0.

До крајот немаше промена на резултатот, Тотенхем очекувано лесно се пласираше во 1/16 финалето на ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал го сака дефанзивецот на Челзи

Реал Мадрид е силно заинтересиран во своите редови да го доведе дефанзивецот на Челзи, Рис…