Дома Останати Ракомет Фарски Острови испишуваат историја: На чекор се од пласман на Европско првенство!

Фарски Острови испишуваат историја: На чекор се од пласман на Европско првенство!

Ракометното Европско првенство кое наредната година ќе се одржи во Германија може да биде историско затоа што пред пласман на овој турнир е репрезентацијата на Фарски Острови.

Фарски Острови со втората победа против Украина од 33:26 дојдоа на чекор од пласман на ЕП. Претходно беа подобри од Романија и сега имаат големи шанси да се најдат помеѓу најдобрите четири третопласирани репрезентации.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Во групата на Фарски Острови прва е Австрија, а тие го делат второто место со Романија која има подобар скор во меѓусебните дуели. Во последното коло тие ќе гостуваат на Австрија, додека Романија гостува кај Украина.

Фарски Острови би останале без пласман на ЕП само ако Украина ја победи Романија со повеќе од осум гола разлика, такво нешто би било еднакво на светско чудо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Бајрами го постигна најбрзиот гол во историјата на ЕП🎥

На натпреварот помеѓу Италија и Албанија беше испишана историја на европските првенства. И…