Дома Трансфер зона „Фармацевтите“ ја одбија понудата на Челзи за својата ѕвезда

„Фармацевтите“ ја одбија понудата на Челзи за својата ѕвезда

Англискиот шампион Челзи испратил понуда „тешка“ 22 милиони фунти за крилниот напаѓач на Баер Леверкузен, Леон Бејли, пренесуваат англиските медиуми.

„Сините“ дури биле спремни да го истават фудбалерот на позајмица до крајот на сезоната во Леверкузен, но „фармацевтите“ ја одбиле понудата со обрзложение дека немаат намера да го продаваат Бејли.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Челзи веќе подолго време го следи фудбалерот, а скаути на клобот од Лондон во живо го следеле мечот помеѓу Леверкузен и Штутгат, кога Бејли асистираше за двата гола на „фармацевитите“.

Од почетокот на сезоната екс фудбалерот на Генк има одиграно 12 натпревари и постигнато 4 гола. Неговиот договор со Леверкузен истекува во 2022 година, а интерес за него покажуваат уште Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…