Дома Останати Кошарка Леброн го собори рекордот кој никој не го посакува. Социјалните мрежи го исмеваат

Леброн го собори рекордот кој никој не го посакува. Социјалните мрежи го исмеваат

ЛЕБРОН Џејмс се уште игра величествено во својата 21-ва сезона и синоќа во пресметката со стариот ривал Кевин Дурент им донесе на ЛА Лејкерс победа на гости кај Феникс Санс од 122:119.

Џејмс, кој има само 50 дена до 39-от роденден, заврши со 32 поени со одлични шутеви 11/17 (3/4 тројки, 7/11 слободни фрлања) и 11 скока, шест асистенции и по една украдена топка. .

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Но, и покрај одличниот настап и победата, главна тема за Леброн на социјалните мрежи се игубените топки.

Со четири синоќа тој премина 5.000 во кариерата и стана првиот човек во историјата на НБА кој стигнал до тој неславен јубилеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На легендарен тренер му изгоре домот до темел (Видео)

Од САД пристигна шокантната вест дека куќата на легендарниот тренер на Мајами Хит, Ерик Сп…