Дома Останати Тенис Фантастичната Квитова повторно во финале на Гренд Слем

Фантастичната Квитова повторно во финале на Гренд Слем

Чешката тенисерка Петра Квитова утрово се пласираше во финалето на Австралија Опен.

Таа во полуфиналниот дуел ја порази Американката Даниеле Колинс со 2:0 во сетови (7:6, 6:0).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Колинс подобро го отвори натпреварот и на средината од првиот сет направи брејк, но Квитова веднаш врати и сетот подоцна замина во тај брејк.

Таму подобро се снајде чешката тенисерка која славеше со 7:2. Квитова во вториот сет ја остави Колинс на нула и славеше за пласман во големото финале.

Инаку, за Квитова ова ќе биде финале на Австралија Опен, а ќе се обиде да дојде до третата Гренд Слем титула во кариерата. Претходно двапати го освои Вимболдон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ со урнебесна објава и во летна облека го честиташе Божиќ (Видео)

Новак Ѓоковиќ, еден од најдобрите светски тенисери е посветен на подготовките за новата на…