Шпанскиот фудбалер, Цеск Фабрегас неодамна изјави дека нема ништо против да се врати во Арсенал, иако овој клуб го „предаде“ кога направи трансфер во Челзи.
Фабрегас на големата сцена се појави како тинејџер во дресот на Арсенал, а после скоро десет години во овој клуб се врати во Барселона. Сепак, шпанскиот фудбалер не беше задоволен од минутажата во каталонскиот тим и сите веруваа дека повторно ќе се врати во Арсенал. Но, тоа не се случи, Сеск стана омразен на „Емирати“ бидејќи потпиша за градскиот ривал Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодамна во изјава за англиските медиуми порача дека нема ништо против еден ден повторно да заигра за „топџиите“, но тоа тешко дека ќе се случи. Фабрегас своевремно зборуваше дека Челзи е еден од најлошите клубови и дека нема да заигра за овој клуб, а потоа го прекрши својот збор на најлош можен начин.
Шпанскиот фудбалер на крајот од сезоната му истекува договорот и ќе биде слободен играч бидејќи на „Стенфорд Бриџ“ немаат намера да го задржат. Иако се нудеше на Арсенал јасно е дека скоро нема никакви шанси да заигра во дресот на овој клуб.
„Не сме заинтересирани за доведување на Сеск Фрабргеас. Она што се појави низ медиумите се само шпекулации, ништо повеќе од тоа“, порача шпанскиот стратег.