Дома Фудбал Уште една причина зошто Барса сака да го продаде Де Јонг

Уште една причина зошто Барса сака да го продаде Де Јонг

Очекуваната солидна сума од евентуалната продажба не е единствена причина поради која Барселона сака да се раздели со Фребки де Јонг.

Според каталонските медиуми Де Јонг би требало да добива плата од 19 милиони евра, што е премногу за клубот кој има големи финансиски проблеми.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Холанѓанецот има договор до 2026 година и според него секоја година платата му се зголемува за одреден процент.

Во моментов на „Камп Ноу“ имаат понуда од 80 милиони евра за Де Јонг од Манчестер Јунајтед. Проблем за Барселона е што самиот фудбалер се уште не донел одлука дали да си замине.

Бившиот играч на Ајакс не се согласува со намалување на платата, па поради тоа Барселона сака да го продаде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри откри дали е подготвен да го напушти Милан за да ја преземе Италија

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, увери дека неговата цел е да го води тимот во Лига…