Иднината на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски се уште не е решена.
Договорот на Алиоски со Лидс заврши и денес клубот потврди дека нема да има продолжување на соработката со македонскиот репрезентативец. Лидс е пред ангажман на Жуниор Фирпо од Барселона, тој трансфер може да биде потврден во секој момент.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Алиоски најмногу се поврзува со трансфер во Турција од каде што интерес покажаа Галатасрај, Трабзонспор и Фенербахче. Сепак сега се појавија информации дека нов клуб влегол во игра за неговиот потпис.
Наводно, руската ЦСКА Москва покажала интерес и тие се спремни да му понудат поголема плата на Алиоски од онаа што ја добива на „Еланд Роуд“.
Во последната сезона во Лидс Алиоски одигра 36 натпревари и оствари учинок од три гола и три асистенции.