Дома Топ вести Уште еден играч на Ајакс штрајкува, бара трансфер во Челзи

Уште еден играч на Ајакс штрајкува, бара трансфер во Челзи

Челзи не престанува со трансферите и во последниот ден од преодниот рок испрати понуда од 50 милиони евра за играчот за врска на Ајакс, Едерсон Алварез.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ајакс засега тешко дека ќе ја прифати понудата, откако во овој преоден рок се разделија со неколку важни играчи.

Меѓутоа, самиот Алварез пристиска за трансфер, бидејќи Челзи му нуди многу повисока плата.

Поради тоа, Мексиканецот по примерот на Ентони се одлучи на штрајк и денес на се појави на тренингот на Ајакс.

Алварез му соопштил на раководството дека сака трансфер во Челзи и поради тоа го бојкотирал тренингот.

Меѓутоа, Ајакс тешко дека ќе се согласи да го продаде, а трансфер пазарот во Премиер лигата завршува вечерва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…