Дома Фудбал Италија Уште две ѕвезди на Интер позитивни на Ковид, одложен мечот со Сасуоло

Уште две ѕвезди на Интер позитивни на Ковид, одложен мечот со Сасуоло

Тимот на Интер има сериозни проблеми со Ковид 19, откако денес уште двајцата фудбалери дадоа позитивни тестови на коронавирусот.

Во изминатите два дена позитивни беа Дамброзио и Хандановиќ, а денес позитивни тестови дадоа Стефан де Врај и Матијас Весино.

Италијанските здравствени власти му забранија на Интер секакви спортски активности во следните четири дена, кога повторно ќе биде направено тестирање на сите во клубот.

Тоа значи дека нема да се одигра мечот од Серија А против Сасуоло, кој е закажан за сабота 20 март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Милан успешно ја започна новата сезона во италијанското првенство во недела вечер, но побе…