Дома Фудбал Италија Во Милан е хаос: Сега го бркаат Џампаоло и враќаат добро познато име на клупата!?

Во Милан е хаос: Сега го бркаат Џампаоло и враќаат добро познато име на клупата!?

Марко Џампаоло веќе по пет кола ја загуби довербата на управата на Милан и сега се шпекулира за промена на клупата на Росонерите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Џампаоло во пет кола оствари две победи и дури три порази, а вчерашниот од Торино (2:1) би можел да биде пресуден, иако се верува дека ќе му дадат уште само една шанса. „Corriere dello Sport“ објави дека Милан е спремен да го врати Гатузо, кој го водеше клубот минатата сезона и за малку не избори пласман во Лигата на Шампионите.

Иако често беше оспоруван, се испостави дека Гатузо сепак има одредено тренерско знаење и дека неговиот дефанзивен фудбал нешто донесува. А сегашниот фудбал на Џампаоло очигледно ништо не носи. Гатузо е голем Миланиста, некој кој живее за тој клуб, но прашање е дали повторно ќе дојде на клупата по се што помина минатата сезона.

Поранешниот италијански репрезентативец сега е прв фаворит за местото, а исто така се смета и за кандидат на клупата на Лацио, кој очајно ја отвори сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ѓоковиќ има фаворит, еве за која репрезентација мисли дека ќе го освои Мундијалот!

Новак Ѓоковиќ прогнозираше дека Португалија ќе го освои Светското првенство кое се одржува…