Дома Топ вести Ултиматум на Зидан – За две ѕвезди нема место во тимот, или да си замине Бејл, или…

Ултиматум на Зидан – За две ѕвезди нема место во тимот, или да си замине Бејл, или…

zidane

И покрајт фактот дека по пет години, титулата во Ла Лига ја врати на „Сантијаго Бернабеу“, и ја освои 12. титула во Лигата на Шампионтие – Зинедин Зидан се наоѓа во големи проблеми.

Имено, тој иам нов план за да направи нов тим на „Кралевите“, меѓу кои се наоѓа и името на можеби најбараниот млад играч во светот, ѕвездата на Монако, Килијан Мбапе.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Мбапе оваа сезона експлодира, покажа раскошен талент, и дополнителен простор за напредок. Во една изјава кажа дека навива за Реал Мадрид, и дека му е голама желба да заигра за наведениот клуб, но…

Зинедин Зидан и Флорентино Перез според пишувањата на угледната Марка во изминатиов период интензивно разговараат за Мбапе – за кој, ќе има место во Реал, само доколку си замине Герет Бејл.

Кристиано Роналдо и Карим Бензема најверојатно ќе бидат дел од новиот ситем на Зидан, а истиот извор пишува дека доколку Мбапе потпише за било кој друг тим, тоа ќе биде голем удар за Реал Мадрид.

Со оглед на тоа дека играат на иста позиција, или дека така Зидан замислил, Бејл ќе мора да си замине, за да пристигне Мбапе, бидејќи невозможно е еден од овие двајца играчи да седи на клупата.

Монако исто така има план да направи се само да го направи Мбапе најскап играч во светот, со сето она што го покажа досега, што значи дека износот на чекот испратен од Мадрид ќе мора да биде исклучително висок.

Марка пишува дека постои и план Б во целата приказна.

По системот „плати денес, играј подоцна“, Мбапе уште ова лето би можел да биде играч на Реал, но да заигра за Реал следната сезона. Со други зборови, би останал член на Монако уште една сезона, а следната година, кога Бејл ќе биде продаден или кога веќе нема да се смета на него со полн капацитет, Мбапе ќе го превземе неговото место.

Од клубот не доаѓаат потврди, ниту пак демантирања за сите пишувања во шпаските медиуми, додека Бејл неодамна изјави дека е среќен со својот статус во Ла Лига и дека нема немаре да си оди. Од другата страна, интерес за неговите услуги кружат, и покрај што неговото време поминато на теренот е значително намалено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…