Дома Фудбал Останато Ужас: Млада фудбалерка пронајдена мртва во својот стан

Ужас: Млада фудбалерка пронајдена мртва во својот стан

Mладата фудбалерка Талија Чаверија (20) која настапуваше за тимот на Њу Мексико Стејт во четвртокот била пронајдена мртва во својот стан.

Цимерката на несреќната Чаверија ги повикала службите откако од понеделеникот не можела да стапи во контакт со Чаверија.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Од полицијата велат дека засега не се сомневаат на убиство или самоубиство.

„Во овие момент нема детали кои укажуваат на убиство или самоубиство“, нагласи портпаролот на полицијата Дани Трулио.

Девојката која е родена 2003 година во изминатата година ја освои својата прва конференциска титула со тимот, а одигра 20 од 21 натпревар. На теренот помина 1.787 минути.

Изјава за медиумите даде и тренерот на Њу Мексико Стејт, Роб Бартс кој е длабоко погоден.

„Веста го погоди целиот тим, смртта на Талија е голема загуба. Таа беше инспирација за сите во тимот, ќе ни недостасува, но нема да ја заборавија. Нејзинот дух ќе биде секогаш со нас, на теренот, но и надвор од него“, изјави Бартс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона должи 2,5 милијарди евра

Виктор Фонт кој беше кандидат за претседател на Барселона не верува дека Жоан Лапорта лаже…