УЕФА веќе се активираше и почна да ги проверува информациите за можни неправилности во Пари Сен Жермен во врска со правилата за финансиски фер-плеј.
Реал Мадрид вчера реагираше до европската централа со тврдење дека францускиот гигант на различни начини се обидува да ги заобиколи правилата.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Според новинарот Етјен Моати од Комитетот за финансиска контрола на УЕФА, тие побарале од „светците“ да им достават одредени информации поврзани со сметките на клубот. Откако ќе се достави и прегледа предметната документација, ќе се оценува дали има докази за прекршоци, што пак би довело до поведување кривична постапка.
За сезоната 2020/21, ПСЖ објави загуби од 224,3 милиони евра, но во исто време покажа неограничени финансиски можности откако потпиша со скапи ѕвезди како Лионел Меси, Серхио Рамос, Џанлуиџи Донарума и други, а неодамна Килијан Мбапе го направи најплатен фудбалер во светот.
Во 2014 година Французите имаа финансиски проблеми и потпишаа посебен договор со УЕФА со која се согласија да платат казна од 60 милиони евра.